10.06.2017

Вв малата сала на „Кале“ беше одржан семинар за тренери кој претходно го закажа Здружението на кошаркарски тренери

ЗКТ го одржа семинарот за тренери

Денес (10. јуни, 2017 години) во малата сала на „Кале“ беше одржан семинар за тренери кој претходно го закажа Здружението на кошаркарски тренери. Претседателот на тренерската комисија при Македонската кошаркарска федерација,  Боро Даскаловски, ги информира сите кои беа присутни за начинот на лиценцирање на тренери за наредната сезона односно за нивното континуирано сручно усовршување. Програмата е достапна на сајтот на МКФ.

„Она што речиси две години е подготвено ќе започне да се реализира по предвидената програма. Сите тренери кои се во кошарката подолго време, но немаат соодветно образование ќе можат да се стекнат со лиценци доколку ја реализира предвидената програма јиха се состои од теоретска настава, практична настава, практична настава со ментор како и краен испит. По исполнување на сите зададени работни задачи кандидатките односно кандидатите ќе се стекнат со лиценцата за која конкурирале“ - накусо објасни Даскаловски, кој воедно е и професор на Факултетот за дизичко образование, спорт и здравје.

Потоа, на паркетот во салата истапи тренерот Драган Јаковлевиќ, кој заедно со Јанко Луковски и дел од селекцијата до 18 години демонстрираа акции за подобрување на играта во транзиција, агресивноста како и соодветна реакција.

„Мило ми е што имам чест да одржам едно кусо предавање во една од Републиките на Балканот кој дала голем број на асови. И во Македонија и во Србија имаме тренери кои се дел од таа југословенска школа или имаат барем мала нишка и се свесни колку е важна едукацијата и работата на тренерите во кошаркарската сфера. Порано, Југославија создаваше врвни спортисти, кошаркари, а сега случајот не е таков.Во минатите четири години, Србија конкретно создаде двајца играчи што е поразителна бројка. Без разлика дали работите во мал или во голем клуб, мора постојано да се работи со кошаркарите“ - Јаковлевиќ ги поддржа ЗКТ и тренерската комисија при МКФ