05.06.2017

ЗКТ закажува задолжителен семинар за тренери за сезона 2017/2018

Здружението на кошаркарските тренери при Македонската кошаркарска федерација закажува ЗАДОЛЖИТЕЛЕН семинар за тренери за сезоната 2017/2018. 

Семинарот ќе се одржи претстоната сабота (10. јуни, 2017 година) со почеток во 12:00 часот во спортската сала на Вардар (мала сала „Кале“)

Предавачи на семинарот ќе бидат професорот при Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Боро Даскаловски кој ќе ги информира присутните за континуирана едукација на тренери во Република Македонија.

Потоа, Јанко Луковски ќе одржи демонстративен тренинг за подобрување на реагција, агресивност и транзициска игра. Трет предавач на овој семинар ќе биде Драган Јаковлевски чија тема ќе биде развивање на подавање кај млади играчи, тактика во игра 1на1 и транзиција во ситуација 2на2 и 3на3.