29.12.2023

НАЈДОБАР ТРЕНЕР НА ЖЕНСКА СЕНИОРСКА ЕКИПА ЗА 2023 ГОДИНА

ЗЛАТКО ГОЦЕВСКИ:„Пред 13 години добив награда за најдобар играч, сега и за најдобар тренер“

Во својата единствена сезона како тренер на Баскет Кам, поранешниот младински и сениорски репрезентативец на Македонија, ја однесе екипата до титулата во домашното првенство.

„Честитки до сите кои добија награди оваа вечер. Сакам да се заблагодарам за наградата. После 13 години, еднаш добив награда за најдобар играч, сега за најдобар тренер. Имајте среќни празници“ – порача од говорницата најдобриот тренер во женска сениорска конкуренција за годината која ја оставаме зад нас.