Марина Маљковиќ ќе биде гостин на Македонската кошаркарска федерација! За величината на легендарната Марина и повеќе од доволно говорат успесите која таа ги има постигнато со сениорскиот национален тим во женска конкуренција на Србија (златен медал на Европското првенство во 2015 година и бронзен медал на Летните Олимписки игри одржани минатата година), шест титули во низа во српското домашно првенство со Хемофарм и со Партизан, шест награди „тренер на годината“ во Србија и последен во низата успеси е и истапување на европската клупска сцена (Евролига) со Галатасарај чиј тренер е од минатата натпреварувачка сезона.
На огромна чест и задоволство на Македонската кошаркарска федерација, Марина Маљковиќ ќе одржи демонстративен тренинг со сениорскиот национален тим во женска конкуренција кој ќе биде од отворен карактер. Тренингот ќе биде одржан непосредно пред почетокот на пријателскиот турнир во организација на Македонската кошаркарска федерација, на 1. јуни со почеток во 17:00 часот во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“. Пренесување на само мал фрагмент од нејзиното искуство стекнато полнејќи го богатото резиме ќе биде од огромно значење за сите инволворани не само во женската конкуренција туку во кошарката воопшто.
„Сакам да придонесам за развојот на кошарката во Македонија и воедно да ја изразам својата поддршка на активирање на женската репрезентација. Во Скопје ќе одржам еден вселенски демонстративен тренинг!“ – кусо порача Маљковиќ.
Марина Маљковиќ речиси пет години беше на кормилото на сениорската репрезентација во женска кокуренција на Србија и за тој период освои златен медал на Европското првенство во 2015 година и бронзен на Летните Олимписки игри одржани минатата година.
Македонската кошаркарска федерација сака да изрази и огромна благодарност до Македонскиот Олимписки комитет (МОК) кој даде безрезервна поддршка за одржување на овој демонстративен тренинг.