Традицијата, онаа без која не се може, вели дека Македонија има позитивен скор во натпреварите со Полска нашиот вечерашен ривал во европските квалификации.
Кога се зборува за оние официјални натпревари, регистрирани во ФИБА, велат дека досега овие две селекции одиграле два натпревари.
И она што е особено, двата завршиле во наша корист.
Во квалификациите за пласман на Европското првенство во 1999 година, на 29.ноември, во салата на СРЦ „Кале“, Македонија ја совлада Полска со резултат (79:72). Во натпревар во кој пред скоро 5.000 гледачи, капитенот Петар Наумоски реализираше неверојатни 49.поени.
Една година подоцна, на 28.ноември, 1998 година, бевме подобри од Пољаците и на нивен терен. Во Прушков, предградието на Варшава, македонскиот национален тим славеше нов триумф, сега од (61:50). Со ново извонредно издание на Наумоски, кој искреира 29.поени, а со десет го испрати Перо Блажевски.
За скор 2-0 против Полска, и што е поважно, со победата над Пољаците, Македонија, за прв пат во својата историја, се избори за место на Европското првенство, она во 1999 година кое се одржа во Франција.