12.02.2018

Картите за Купот на РМ пуштени во продажба

Стартува продажбата на билетите за завршниот турнир од кошаркарскиот Куп на Република Македонија. Кошаркарскиот Куп ќе се одржи во градот Кавадарци, а сите натпревари ќе бидат одиграни во спортската сала „Јасмин“.

Сите љубители на спортот со портокаловата топка ќе можат да ги проследат натпреварите од трибините за само 50 денари по билет. 

Картите се достапни на следниот ЛИНК.
Натпреварите од финалниот ден ќе бидат пренесувани во живо на МРТ.

КУП на РМ распоред
Ден 1. (16. февруари, 2018 година ПЕТОК)
13:00
 Работнички – Карпош Соколи (четвртфинале 1)
15:30 Блокотехна – АВ Охрид (четвртфинале 2)
18:00 МЗТ Скопје Аеродром – Фени Индустри (четвртфинале 3)
20:30 Куманово 2009 – Гостивар (четвртфинале 4)

Ден 2. (17. февруари, 2018 година САБОТА)
12:00 Бадел 1862 – Струга 2009 (натпревар 1)
14:30 Вардар – Пелистер (натпревар 2)
17:30 Полуфинале МАЖИ 1(победник четвртфинале 1 – победник четвртфинале 4)
20:30 Полуфинале МАЖИ 2(победник четвртфинале 2 – победник четвртфинале 3)

Ден 3. (18. февруари, 2018 година НЕДЕЛА)
16:00 Финале ЖЕНИ (победник натпревар 1 – победник натпревар 2)
19:00 Финале МАЖИ (победник полуфинале 1 – победник полуфинале 2)