18.03.2018

Одржан првиот тренинг на кадетската женска репрезентација

Тренерското трио во состав Стојна Вангеловска (селектор), Енвер Мифтари (помошник тренер) и Горјан Стојановски (ментор) го одржа првиот тренинг со кадетската женска репрезентација. Кошаркарките до 16 години претстојното лето ќе земат учество на Европското првенство, дивизија Б кое ќе се одржи во Подгорица.  

„Повеќе од потребни се нови стандарди во македонската женска кошарка, кои би придонеле за нејзин развој. Сериозна работа и трпение може да ни донесат поголеми резултати, сет мерки за развој на женската кошарка. Потребни се нови организациони форми и технологии кои ќе резултираат со квалитетен избор на најдобрите во репрезентативните селекции. Природниот процес ќе биде долг и макотрпен, треба време и трпение, но мора од некаде да започнеме со овој проект. Очигледно брзо решавање на проблемите е невозможно, но сега е време да се преземат решителни чекори. Вистинска логистика, транспарентна оператива, издржан скаут и квалитетна работа со младите кадри. Со водење една издржана спортска филозофија на размислување и практикување, со строг режим на функционирање, можеме со сигурност да имаме надеж дека на повидок се добри години на женската кошарка. Кога ќе се постави вредносен систем и се удрат темелите на здрава основа за да се направи нешто, со кое сите ќе бидеме задоволни. Потребно е одреден период насериозна работа, за да можеме да се доближиме до вратите на Европа“ – истакна селекторотна репрезентацијата, Стојна Вангеловска.