15.04.2018

Одржан првиот селективен тренинг за репрезентацијата до 14 години

Националната селекција до 14 години во машка конкуренција денес го одржа првиот селективен тренинг. Стручниот штаб, на чело со селекторот Благоја Кечовски, одлучи формирањето на репрезентацијата да го започне од Источниот регион на Републиката со селективен тренинг во Гевгелија. Од клубовите беше побарано да ги испратат своите најперспективни млади кошаркари кои соодветствуваат во возрасната категорија.

Ова беше првиот селективен тренинг за оваа генерација на кој беа присутни 24 кошаркари од овој регион. Планираме уште два вакви селективни тренинзи од кои следниот би бил одржан во Битола или во Охрид и последниот ќе биде во Скопје. Целта ни е да направиме база од 30-40 песпективни и талентирани деца со кои програмски ќе се работи. Овие деца ќе бидат присутни на повеќе кампови кои ќе се организираат во Република Македонија и надвор од неа. Најжавно ќе ни биде да на сите талентирани и перспективни деца им овозможиме што повеќе репрезентативни тренинзи, турнири и кампови се со цел да имаат правилен кошаркарски развој. - се првите мисли на селекторот Кечовски по првиот селективен тренинг.

 

 

НАПОМЕНА
Насловната фотографија е позајмена од basketball.mk