22.12.2018

Две победи на јуниорите на турнирот во Романија, јуниорките без победа

Јуниорите, предводени од селекторот Михаил Наумовски одиграа три натпревари на меѓународен пријателски турнир кој се одигра во периодот од 19.12 до 21.12 и тоа двапати против селекцијата на Романија (А и Б тим) и против Бугарија.

19.12.2018 Романија А Македонија 67-82 (8-27, 17-21, 20-23, 22-11)
20.12.2018 Романија Б – Македонија 73-67 (18-25, 20-23, 22-13, 13-6)
21.12.2018 Македонија – Бугарија 76-63 (13-14, 21-22, 16-14, 26-13)

Јуниорките, предводени од селекторот Игор Гацов, одиграа три натпревари на меѓународен пријателски турнир во Романија кој се одржа во периодот од 19.12 до 21.12, против две селекции на домаќинот Романија А и Б тим и Бугарија.

19.12.2018 Романија А – Македонија 84-69 (18-18, 29-26, 19-17, 18-8)
20.12.2018 Романија Б – Македонија 82-48 (23-10, 24-11, 14-7, 21-20)
21.12.2018 Бугарија – Македонија 66-53 (16-15, 20-14, 16-13, 14-11)