01.11.2019

Владимир Ѓоровиќ официјално назначен за селектор на женската сениорска репрезентација

Управниот Одбор на Кошаркарската федерација на Северна Македонија на редовна седница официјално го назначи Владимир Ѓоровиќ за предводник на женската сениорска репрезентација.

Искусниот тренер на Струга 2009 во текот на летниот период работеше со сениорските репрезентативки пред почетокот на натпреварувачката сезона, а за првпат во својата кариера ќе застане на чело на сениорскиот национален тим.

Веќе в понеделник е закажан првиот собир на националната селекција која за точно две седмици ќе го одигра првиот натпревар во рамки на квалификациите за Европското првенство 2021.

 

Распоред на натпревари

Германија – Северна Македонија 14.11.2019 (19:00 часот)
Северна Македонија – Летонија 17.11.2019 (СЦ Јане Сандански; 19:00 часот)