10.05.2017

Македонија домаќин на силен меѓународен турнир во женска конкуренција

Сениорките се пријавени за учество на квалификациите за Евробаскет 2019, но нивната агенда воопшто нема да биде празна во текот на летниот период.  Како што претходно беше најавено (истовремено со назначувањето на Марјан Лазовски како селектор) Македонската кошаркарска федерација ќе биде домаќин на силен меѓународен турнир, за првпат. 

Турнирот, како што тогаш нагласи кормиларот на националниот тим, ќе служи за проверка на силите на националниот состав по три години отсуство од кошаркарската сцена и истиот ќе се одржи на почетокот на месец јуни.

Женскиот сениорски национален тим ќе биде домаќин на соодветните репрезентации на Бугарија, Јапонија и на Босна и Херцеговина (М20). Натпреварите ќе бидат одиграни во три дена, во Скопје, во спортскиот центар „Јане Сандански“.
 

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:
2. јуни, 2017 година

18:00 часот        Босна и Херцеговина - Јапонија
20:00 часот        Македонија - Бугарија

3. јуни, 2017 година
17:00 часот        Бугарија – Босна и Херцеговина
19:00 часот        Јапонија - Македонија

4. јуни, 2017 година
18:00 часот        Бугарија - Јапонија
20:00 часот        Македонија – Босна и Херцеговина