06.06.2017 Јуниорскиот состав на Работнички ја освои титулата во домашното првенство откако во финалниот натпревар ги совлада противниците од Вардар со 78-60. Младинскиот погон на клубот од „Градски Парк“ наталожи огромна предност уште во првиот дел од натпреварот, па си дозволи опуштен финиш. Со кумулативен индекс од вкупно 65 поени на коисност, Андреј Јордановски од шампионскиот состав доби признание за MVP на фајналфор турнирот. Среброто замина во рацете на Вардар доддека МЗТ Скопје Аеродром со победа од 83-74 над Шкупи го освои бронзениот медал.