12.06.2017

М16: Титулата во рацете на Бадел 1862

Со убедливи 98-60, младите кошаркарки на Бадел 1862 ги победија врсничките од Шкупи и ја заверија титулата во домашното првенство во возрасната категорија до 16 години, во женска конкуренција. Играта беше изедначена, но само во воведните минути од натпреварот. Веќе кон средината на првиот период започнаа кошаркарките на Бадел 1862 да таложат предност која без проблеми ја задржаа до крајот.

Бронзениот медал од FINAL 4 турнирот замина во рацете на кошаркарките на Баскет Кам кои претходно ја совладаа Струга 2009. MVP на завршниот турнир е Матеа Атанасовска, кошаркарка на Бадел 1862.