23.06.2017

ВИДЕО: Како изгледаше анализата на репрезентативците до 15 години

Пред речиси еден месец, Македонската кошаркарска федерација започна да реализира еден од зацртаните проекти во соработка со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје. Професорите при ФФОСЗ Боро Даскаловски и Александар Ацевски изведоа специфични мерења и тестирања на репрезентативците до 15 години. Со овие тестови на кошаркарите им беше извршена детална анализа и проценка на основните и ситуационо-моторичките способности.

Видеа од начинот на кој се вршеа се достапни на следните линкови: 1  2  3.

Во текот на летниот период вакви тестирања ќе им бидат извршени и на репрезентативците до 16 и до 14 години.