16.07.2017

Пораз од фаворитот во групата – Грузија

Нашите младинци во вториот натпревар од тековното континентално првенство запишаа пораз од силната селекција на Грузија која според досегашните најави е фаворитот во групата Ц. Грузијците славеа со 78-48 односно 22-14, 15-10, 17-17 и 24-7 по делници благодарение на агресивната игра која ја наметнаа уште во првиот период. На нашите младинци сега им следи пауза од еден ден кој ќе им послужи за консолидирање пред соочување против домаќинот на ова првенство, Романија во вторник.

Стрелци
Митев (3поени), Робев (14), Маслинко (15), Ефремовски (8), Двојаковски (2), Глигоријевиќ (4), Пандев (2)