22.07.2017

Против Албанија ќе играме за 13. место на ЕП

Со победата од 58-62 над соодветната селекција на Белорусија нашите младинци утре ќе се борат за 13. место на Европското првенство (Дивизија Б) што се одигрува во Романија. Натпреварот ќе започне во 14 часот и 45 минути и воедно ќе биде нашиот последен на ова континентално првенство.

Белорусија - МАКЕДОНИЈА 58-62 (21-13, 15-12, 6-21, 15-16)

СТРЕЛЦИ
Серафимов (6поени), Атанасов (3), Прентовиќ (4), РОбев (11), Митков (4), Маслинко (14), Ефремовски (10), Двојаковски (6), Пандев (4)