25.08.2017

Победа над Норвешка

Нашата најмлада репрезентација во женска конкуренција, селекцијата до 16 години, запиша уште една победа во рамки на Европското првенство (дивизија Б) што се одигрува во нашата престолнина. Кадетките ја надмудрија Норвешка во сите аспекти од играта и како првопласирани во групата Е ќе разигруваат против првопласираната селекција во групата Ф за финален пласман (од 17. до 18. место).

Норвешка - МАКЕДОНИЈА 55-62 (15-19, 8-14, 15-19, 17-10)
СТРЕЛЦИ
Димитријевиќ (5поени), Тасевска (1), Плакај (5), Поп Димитровска (4), Николиќ (4), Митрева (18), Атанасовска (14), Кожобашиовска (11)