05.06.2022 Второ место за Тим Арена, Вардарки бронзени... Дводневниот празник на кошарката во Делчево денеска заврши со шампионска титула за организаторот на завршниот турнир во женска кадетска конкуренција. Екипата на Клубски Патриот 2016 триумфира над Тим Арена од Штип со 57-69 односно 15-21, 15-9, 21-16 и 16-23 по делници освојувајќи ги златните медали во конкуренцијата за кошаркарки до 16 години за сезоната 2021/2022. Капитенот на клубот од Делчево, репрезентативката Ана Ангеловска со дабл-дабл ефект од извонредни 42 поена и 14 скокови ги предводеше своите соиграчи кои и помогнаа со уште 27 поени (11 Радмила Стоименовска, 11 Мелани Стоименовска, 3 Атанасовска и 2 Костадиновска) до конечните 69. На спротивната страна, капитенот на Тим Арена Дојчинова реализира 25 поени, 10 придодаде Величковска, по шест реализираа Делфина и Срна Тодосиев како и Колева додека по два поена запишаа Иветиќ и Јанева до конечни 57 за својот тим. Ана Ангеловска од Клубски Патриот се закити и со признанието најкорисен играч (MVP). Претходно, во натпреварот за трето место славеа Вардарки над кошаркарките од Бадел 1862 со 62-84.