09.07.2019

Младинците заминаа за Португалија

Нашата младинска репрезентација денеска попладне замина за Португалија каде во наредните денови ќе земе учество на Европското првенство за кошаркари до 20 години, дивизија Б.

Дарко Радуловиќ започна со официјални тренинзи со кошаркарите родени 1999 година и помлади на 1. јуни. Подготовките се одвиваа во Скопје, во Маврово, а се одиграа пријателски натпревари на домашен терен и на гости.

На контото, младинците имаат три победи, една на турнирот во Скопје, една од гостувањето во Унгарија и една од гостувањето во Бугарија.

Нашата репрезентација до 20 години ќе биде дел од групата Д, заедно со соодветните репрезентации на Португалија, Луксембург, Белгија и Словачка.

Првиот ден од првенството, на 12. јули ќе разигруваме против Белгија (16:00 часот, локално време), ден потоа против Португалија (20:30 ЛВ), па следат два дена за одмор. На 16. јули ќе се пресметаме со Луксембург (18:15 ЛВ), а последниот натпревар од групната фаза ќе го одиграме против Словачка на 17. јули (почеток 18:15 ЛВ).

Распоредот на натпревари, статистика и пренос во живо како и фотографии од натпреварите кои ќе ги игра нашата репрезентација можат да се следат на следниот ЛИНК.