29.04.2018

Одржан и третиот селективен тренинг за кошаркари до 14 години

Селекторот Благоја Кечовски, заедно со членовите на својот стручен штаб Никола Данев и Андреј Апостолски, денес во малата сала на „Кале“ го одржа и последниот селективен тренинг за националната селекција до 14 години односно кошаркари родени 2004 година и помлади. Овој е третиот селективен тренинг од првата фаза како што потенцира селекторот и досега се пријавија околу 100 млади кошаркари. Од вкупниот број ќе бидат селектирани 30 до 40 кошаркари кои ќе продолжат со работа во втората фаза.

На последниот регион беа повикани кошаркари од скопскиот регион, поделени во две групи кои одработија неколку вежби.

Покрај денешниот тренинг, досега беа одржани селективни тренинзи и во Гевгелија за источниот регион како и во Битола за западниот регион.