24.04.2018

Последен селективен тренинг за кошаркари до 14 години

Предводникот на националната селекција до 14 години, Благоја Кечовски, заедно со членовите на неговиот стручен штаб претстојниот викенд ќе го одржи последниот селективен тренинг за оваа возрасна категорија.

На последниот селективен тренинг треба да се појават кошаркари од екипи од скопскиот регион (МКФ регионална поделба, регион 1 и 1,2).  Досега беа одржани селективни тренинзи во Гевгелија за источниот регион и во Битола за западниот регион.

Тренингот ќе се одржи в недела (29. април) во малата сала на „Кале“.

Се замолуваат клубовите да испратат најмногу пет кошаркари од своите клубови. Кошаркарите треба да бидат во салата и подготвени за тренинг 30 минути пред почеток на истиот.

Прва група во 15:00 часот
КК Водњански лисици
КК Феникс 2010
КК Академија ФМП
КК Вардар
Кошаркарски клубови од Тетово
Кошаркарски клубови од Гостивар

Втора група во 16:30
КК МЗТ Скопје Аеродром
КК Карпош Соколи 2000
КК Партизан Водно санс
КК Работнички
Кошаркарски клубови од Велес
Кошаркарски клубови од Куманово
Кошаркарски клубови од Крива Паланка