03.06.2022

.

Проектот „BASKI - Basketball For Life Skills“ финишира во Лимасол

Лимасол ќе биде центарот на збиднувањата во рамки на проектот „BASKI - Basketball For Life Skills“ од денес па сè до недела. Домаќините на финалното 'дружење' - Кошаркарската Федерација на Кипар ќе ги нагости партнерите од Македонија, Бугарија, Романија, Грција и Италија.

Претставниците на партнерите во овој проект ќе имаат исполнета дводневна агенда. Сите претставници ќе ги демонстрираат своите настани во рамки на овој проект, конкретно проектите со кои се заокружи двегодишниот проект. В Скопје, последниот настан се одржа изминатиот викенд на кој присуствуваа повеќе од 30 тренери и исто толку млади кошаркари и кошаркарки кои заедно со тренерот Александар Јованчев презентираа еден од модулите во проектот. 


На 'дружењето' во Лимасол ќе биде презентиран и прирачник кој ќе им биде од корист на партнерите во проектот. В сабота пак, партнерите во овој проект ќе ги проследат и натпреварите од квалификацискиот турнир за Европскиот куп во 3х3. За крај ќе се прегледаат и финансиските аспекти на учесниците.