Сениорската национална селекција во женска конкуренција ги започнува активностите. Репрезентација пред неколку дена ги започна подготовките со тренинзи на кои акцентот беше ставен на кондициската спрема, а утре (26. мај, 2017 година) ќе биде одржан првиот собир со почеток во 19:00 часот во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“.
Со овој собир ќе започне официјалниот дел од подготовките на сениорките кои ќе учествуваат на меѓународниот пријателски турнир во организација на Македонската кошаркарска федерација на почетокот на месец јуни на кој ќе си ги одмерат силите против националните селекции на Бугарија, Јапонија и на Босна и Херцеговина.
Следно на агендата на сениорките, по овој силен турнир, ќе бидат квалификациите за Европското првенство, а противниците ќе бидат познати по ждребот закажан за на 4. јули.
Првите 15 минути од собирот ќе бидат отворени за сите претставници на медиумите кои ќе сакаат да присуствуваат.
СПИСОК НА КОШАРКАРКИ ПОВИКАНИ ЗА ПРВИОТ СОБИР